Ловиштето „Стровија“се карактеризира со богата вегетација и животински свет. Вегетацијата во ловиштето овозможува добри услови за исхрана на дивечот како и природни засолништа преку присутноста на различни типови на шумски заедници. Чистата вода која може да се најде насекаде низ ловиштето исто така има голем придонес во правилниот развој и опстанок како на животинскиот така и на растителниот свет.
Пределот на кој се простира ловиштето ги задоволува вкусовите на ловните туристи и на сите вљубеници воприродата.
Во ловиштето редовноили периодично се среќаваат: срна, дива свиња, зајак, еребица камењарка, разни видови на гулаби, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч. Од дивеч без заштита може да се сретнат: волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други.
Самата граница на ловиштето поминува низ повеќе села каде што се сретнуваат различни мулти етнички култури , традиционални јадења , цркви , џамии , манастири како и различни одбележја кој го карактеризираат народот кој живее таму.
Ловиштето „Стровија“ е атрактивна локација за многу посетители, ловци и туристи, поради големата гостопримливост на лугето , природните убавини и дивечот.



