За ловиштето

За ловиштето 2016-10-23T22:47:28+00:00

„Баллтин Клепалл“ е концесионер и инвеститор во ловиштето „Стровија“ и тоа од мај 2015 година, па во следните 20 години. Во ловиштето може да се лови  на отворена површина.

Сопственик на Друштвото „Баллтин Клепалл“ е г-дин. Рушан Рушани од с.Црнилиште. Основна дејност е организирање на ловни екскурзии за ловци од цел свет. Во моментот се ангажирани неколку лица како ловочувари.

Вкупната површина на ловиштето изнесува 10.260ha, а ловната површина изнесува 9.860ha. Застапеноста на најразлични типови шуми, на дивечот му обезбедуваат природни засолништа што е многу значајно, особено во репродуктивниот период.

Во ловиштето „Стровија” застапени се дивата свиња и срната, но во одделни делови од ловиштето постојано се сретнува и дивиот зајак и еребица камењарка.  Покрај овие видови, во ловиштето редовно или периодично се среќаваат и други видови дивеч како што се: јазовец, еребица камењарка, разни видови на гулаби, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч. Од дивеч без заштита се сретнуваат: волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други.

Основна наша цел ќе биде формирање и трајно одржување на дивечот во ловиштето кој со својата возрасна и полова структура ќе обезбеди репродукција на квалитетни грла со висока трофења вредност. Активностите од овој домен ќе претставуваат неделива целина и ќе бидат насочени кон  одгледувачки и заштитни мерки со кои ке се обезбеди природно размножување на дивечот. Со сите превземени мерки ќе се допринесе, да се развива ловниот туризам и ловиштето „Стровија“ да биде пример како треба да изгледа еден ловен центар на Балканот.